Ноќни приказни
Автор:
Емин Нихат Бег
Издавач:
Алманах |
Јазик:
Македонски |
Година:
2015
Оригинален наслов:
Gece Hikayeleri |
Бр. на страни:
314 |
Димензии:
21х13
|
Корица:
мека
Емин Нихат Бег (1838-1879) е еден од најтаинствените автори во турската книжевност. Долго време немало никакви биографски податоци за него, а некои истражувачи на неговото дело дури и се сомневале дека тој воопшто и постоел.Од него останала оваа компилација од приказни напишани во време кога се гаснела народната раскажувачка традиција и се појавувал романот како литературна форма. Затоа тоа се смета за дело на еден преоден период во турската книжевност. Се претпоставува дека новелите биле напишани под влијание на делото Декамерон на Бокачо. И во Ноќни приказни неколку пријатели се собираат во студените зимски ноќи и го минуваат времето во раскажување приказни. Во некои од новелите, освен европското влијание, се чувствува и влијание од приказните на Илјада и една ноќ. Дел од турската книжевна критика токму ова дело на Емин Нихат Бег го смета за прво дело со карактеристики на роман. Во него наоѓаме интересни податоци за начинот на животот на турските благородници од втората половина на 19 век.
Questions and Answers
You are not logged in