Ноќно пливање

Издавач: Сакам Книги | Јазик: Македонски | Година: 2021
Оригинален наслов: ǂThe ǂNight Swim | Бр. на страни: 359 | Димензии: 21 см | Корица: мека

Откако првата сезона од нејзиниот подкаст за вистински злосторства станува сензација преку ноќ и ослободува невин човек од затвор, Рејчел Крол станува општо познато име и последна надеж за илјадниците луѓе кои бараат правда. Но таа е навикната сите да го препознаваат нејзиниот глас, а не нејзиното лице. Затоа се вознемирува кога наоѓа порака на шофершајбната на нејзината кола, адресирана до неа, со молба за помош. Во малиот град Неаполис се води ужасно судење за силување. Еден од милениците на градот, пливач со потенцијал да стане олимпиец, е обвинет за силување средношколка, саканата внука на полициски началник. Рејчел е под притисок да направи успешна трета сезона од подкастот, па се впушта во интервјуирање и испрашување – но мистериозните писма и понатаму се појавуваат на неочекувани места. Некој ја следи и нема намера да престане додека Рејчел не открие што се случило со нејзината сестра пред дваесет и пет години. Наводно, Џени Стилс трагично се удавила, но девојката од писмата тврди дека нејзината сестра била убиена, а кога Рејчел почнува да поставува прашања за Џени, никој не сака да одговори. Минатото и сегашноста почнуваат да се судираат кога Рејчел открива вознемирувачки поврзаности меѓу двата случаи, кои имаат моќ да го сменат текот на судењето, а и животите на сите инволвирани. Може ли еден мал град да ги поправи грешките од минатото? Да се искупи за прикриените гревови? И што навистина се случило со Џени?

Цена: 490 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Сакам Книги

Report an abuse for product Ноќно пливање

Категорија:
ИСБН: 978-608-260-107-6

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Ноќно пливање”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in