НОВИНАРИ И РЕПОРТЕРИ КАКО ШПИОНИ – ТОМ 1
Насловот „НОВИНАРИ И РЕПОРТЕРИ КАКО ШПИОНИ“ од авторот професор Иван Бабановски, на 860 страници со 303 илустрации, ви нуди содржини од тајниот свет на политиката и владеењето со луѓето, што секогаш го интригирало обичниот човек и неговото опкружување.
Шпионажа како најстар занает и врските на најистакнатите имиња во журналистиката, но и медиумските магнати, исто така се детектирани на страниците од книгата.
Ќе ги осознаете и откриете ситните шпиончиња со македонски имиња, кои се безлични во светските политики и конспирации. Македонски аматери во најстариот облик на војната, но и десетици шпионски организации кои го тормозат Балканот и РМ.
Западните тајни служби ЦИА, МИ-6, БНД, ДСТ-против Христијаните. Истите тие шпионски дувла со МОСАД и Муслиманско-Арапските тајни служби против муслиманите, исламистите и Арапите, во борба за енергенсите.
Балканот како Елдорадо за шпионите. Соседите ја шпионираат РМ. Македонските тајни служби ги шпионираат сопствените граѓани. Научете како ве следат и прислушкуваат и спротивставете се.
Драги читатели, еве Ви го Прирачник за борба против странските и домашните шпиони. Бидете си самите контрашпиони, кога веќе оние кои ги плаќаме како контрашпиони, не нè заштитуваат... туку си го тераат сопствениот бизнис под закрила на грабнатата власт...1 оценка за НОВИНАРИ И РЕПОРТЕРИ КАКО ШПИОНИ – ТОМ 1
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –
Одлична книга и вреди да се прочита!