Новогодишни детски песни
„Новогодишни детски песни“ (2017) е најновата книга на писателката Марина Мијаковска. Тоа е прватa книга на Мијаковска наменета за најмладата популација. Во „Новогодишни детски песни“ има четириесет песни за деца од различни возрасти.
Стихозбирката ги воспева: новогодишниот амбиент и веселите празнични бои во Македонија; празнувањата и обичаите за Нова година; Дедо Мраз; Снешко; новогодишната елка, снежниот зимски амбиент, итн. Книгата е повеќенаменска, интерактивна, и ја развива креативноста кај децата. Мијаковска им нуди можност на децата да ги читаат песните, да ги обојат новогодишни илустрации и низ игра самите да напишат песна од најголемите новогодишни желби.
Reviews
There are no reviews yet.