Облици за дизајн: Елементи од повторно употреблив објектно-ориентиран софтвер
Ова дело е значаен придонес за сите што работат како објектно ориентирани дизајнери и развивачи. Во него се дадени докажани дизајнерски стилови за структуирање, креирање и за манипулирање со објекти. Особено треба да се истакне дека во книгата се именувани овие начини на дизајнирање, со што им се овозможува на експертските тимови да користат еден заеднички речник. За многу кратко време ќе се најдете во ситуација да ги применувате и повторно да ги употребувате наведените облици во вашиот сопствен дизајн.
Авторите почнуваат со опишувањето на облиците за дизајн и како тие можат да помогнат во дизајнирањето на објектно ориентираниот софтвер. Понатаму, сите најчесто применувани дизајни се имануваат систематски, објаснуваат, оценуваат и категоризираат. Добивајќи облик на водич, текстот продолжува во насока на подучување за начините како овие важни облици можат да се вклопат во процесот на создавање софтверски дизајн и како најефикасно може да се решат проблемите што се јавуваат при неговото создавање.
За секој облик се опишани околностите под кои е применлив, земајќи ги предвид ограничувањата и сите придобивки и последици од неговата примена во рамките на еден поголем дизајн. Исто така, секој облик содржи програмски код за негова употреба во објектно ориентираните јазици како што се C++ или Smalltalk.
Автори на оваа книга се: д-р Ерих Гама, технички директор на Центарот за софтверска технологија во Цирих, д-р Ричард Хелм, член на групата за практицирање на објектната технологија во консалтинг-групацијата IBM од Сиднеј, д-р Ралф Џонсон, предавач за компјутерска наука при Универзитетот Илиноис и д-р Џон Влисидес, член на истражувачкиот центар IBM „Томас Џ.Вотсон“ во Њујорк.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Облици за дизајн: Елементи од повторно употреблив објектно-ориентиран софтвер
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –