Обработување на земјата: Трансформација во одгледувањето на културите памук, тутун и ориз по 1880 година
Оваа книга е императив за секоја универзитетска или факултетска библиотека, како и за секој што е заинтересиран за историјата на земјоделството во јужнните делови на САД. Авторот врши анализа на трансформацијата на земјоделството од Југот од аспект на аграрот, при што коментира дека не сите избори што се направени биле неизбежни или посакувани.
Пит Даниел е куратор за земјоделство и за природни ресурси во Националниот музеј за американска историја. Добитник е на наградата „Ферберт Феис“ од Здружението за американска историја. Во оваа своја привлечна и иновативна книга открива како федералната влада, економската криза и Втората светска војна го трансформирале надничарскиот Југ во место со механизирано фармерство. Повеќе од кој било историчар претходно, Пит прави отворено проценка за она што е загубено и за она што е добиено со оваа трансформација во поглед на обичните луѓе. Во таа смисла е истакната и улогата на неправедните и нерамноправни федерални програми со кои биле управувани животите на фармерите од Југот.
Инаку, во книгата се обработени работните операции и трансформацијата во однос на културите памук, тутун и ориз. Комерцијалното производство на тутун датира уште од почетокот на 17 век, но одгледувањето на памук добива на значење дури по пронаоѓањето на машината „котонџин“ за двоење на памучното влакно од семето во 1793 година. За разлика од тутунот и од памукот, за оризот не може да се каже дека е култура карактеристична за Југот. Читајќи ја оваа книга може да дознаете што сé се има случувано оттогаш па до денешен ден во поглед на овие култури.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 review for Обработување на земјата: Трансформација во одгледувањето на културите памук, тутун и ориз по 1880 година
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –