Од момче до маж : како момчињата да пораснат среќни, здрави и успешни

Издавач: КСЦ/Полица | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: The making of men | Бр. на страни: 236 | Димензии: 20 | Корица: /

Користејќи примери од вистинскиот живот, д-р Арне Рубинштајн ги објаснува опасностите со кои се соочуваат денешните тинејџери, вклучувајќи ги дрогата, алкохолот, технологијата и притисокот од врсниците. Потоа ни покажува како да ги подготвиме нашите синови за носење безбедни и разумни одлуки. За да успееме во тоа, неопходно е да го разбереме нивниот свет, предизвиците со кои се соочуваат и на кој начин мора да се менува нашиот однос кон нив додека тие стануваат млади мажи. Секој родител сака тоа да го изведе како што треба, но соодветните начини не ни се секогаш при рака. Од момче до маж е напишана на јасен јазик, полна е со прекрасни приказни и одлично е организирана за да ве поведе на патување низ чудесните можности и низ ужасните опасности што ги доживува секое момче. Додека ја читате оваа книга, многу нешта ќе ви бидат познати, смешни, охрабрувачки, непријатни и реални. Било да сте самохрана мајка на среќен осумгодишник или родител на проблематичен тинејџер, овој прирачник ќе ви послужи како практичен и разумен водич како да му помогнете на вашиот син да премине од момче во маж и како да го стори тоа безбедно и на начин што ќе влијае врз него во текот на целиот живот.

Цена: 400 ден

10 на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Од момче до маж : како момчињата да пораснат среќни, здрави и успешни

Категорија:
ИСБН: 978-608-4850-59-5

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Од момче до маж : како момчињата да пораснат среќни, здрави и успешни”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in