Од збор до збор
Овој избор (насловен „Од збор до збор“), од збор до збор, од стих до стих, од песна до песна нѐ води низ пространиот поетски свет на Тихомир Јанчовски, преку песните од стихозбирките „Обични зборови“ (1999), „Два“ (2002), „Последно време“ (2005), „Осама“ (2010), „О, ти“ (2011) и „Староста може, a и не мора да се дочека“ (2013). Пред нас се песни што секојдневно добиваат нови читатели. Во време кога честопати слушаме за „криза на поезијата“, песните на Тихо со светлосна брзина се споделуваат, коментираат и љубат. Многумина ги чувствуваат овие песни како свои.
Од збор до збор објавена е избор од шесте книги поезија на Тихомир Јанчовски. Првпат е објавена како електронско издание во книготеката на off.net, во март 2013.
Тихомир Јанчовски, поет, колумнист и преведувач. Роден 1967, во Скопје. Пред да наполни 30, живеел во Скопје, Брисел, на островот Скијатос, малку во Амстердам, повеќе во Лондон и во Будимпешта и пак во родниот град. Најмногу таму, во „Професорската зграда“ на „Ленинова“ 65. Работел како физикалец, собар, тревокосач, разнесувач на весници, работник во фабрика за сокови, продавач на тезга (Ковент Гарден), келнер, чувар на плажа, шанкер, новинар, музичар, молер, преведувач и професор по литература и по светска историја. Отсекогаш сакал да научи и берберски занает, ама не стигнал. Бил трипати на Света Гора. Ги посетил сите градови, многу села и повеќето манастири во Македонија. Од 1997 постојано живее и работи во Скопје. Има објавено шест книги поезија:
Обични зборови, Табернакул, 1999
Два, Кинематика, 2002
Последно време, Блесок, 2005
Осама, Или-или, 2010
О, ти, Темплум, 2011
Староста може а и не мора да се дочека, Матица, 2013
Избори од неговата поезија се преведувани и објавувани во различни литературни списанија и антологии („Млад борец“, „Студентски збор“, „Proglas“, „Texas Poetry Review“, „Muse India“, „Блесок“, „Пурпурни извори“, „Voix Vives“…). Колку што ни е познато, преведуван е на англиски, француски, словачки, српски, хрватски, албански, грчки и на италијански јазик.
Од 2013 редовно објавува колумни во „Утрински весник“, во рубриката „Рурбано“. Излегуваат секој втор викенд.
1 оценка за Од збор до збор
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –