Одбрана на правата на жените: со осврт на политички и морални теми
Author:
Мери Волстонкрафт
Publisher:
Датапонс |
Language:
Македонски |
Year:
2021
Original title:
A Vindication on the Rights of Woman: with Strictures on Political and Moral Subjects |
Num. of pages:
235 |
Dimensions:
125х205
|
Cover:
мека
"Одбрана на правата на жените" (1792), напишана од британската прото-феминистка од осумнаесеттиот век, Мери Волстонкрафт, е едно од најраните дела на феминистичката филозофија. Во него Волстонкрафт одговара на оние образовни и политички теоретичари од осумнаесеттиот век кои сметаат дека жените не треба да добиваат рационално образование. Таа тврди дека образованието на жените треба да одговара на нивната позиција во општеството и дека тие се од суштинско значење за нацијата затоа што ги воспитуваат нејзините деца и можат да дејствуваат како почитувани придружници на нивните сопрузи. волстонкрафт тврди дека жените се човечки суштества кои заслужуваат исти основни права како и мажите, и дека третирањето на нив како само украси или имот за мажите ги поткопува моралните основи на општеството.
Questions and Answers
You are not logged in