Оди си! (осум писма до Никола Груевски)

Publisher: Темплум | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: Оди си! | Num. of pages: 120 | Dimensions: 17 х 11 | Cover: мека

„Оди си!“ содржи осум критички текстови на Петар Гошев, илустрирани со „монтажи“ од Свирачиња, во кои се анализираат катастрофалните и погубни политики на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Книгата ја објави издавачката куќа Темплум, како десетти наслов во едицијата Градот.

Во „Оди си!“, се содржани текстовите:

-Фотелјата не е поважна од човечкиот живот!
-Неуспешна „Преродба“
-Ревизија на создадената нација
-„Скопје 2014“
-Колонизација на умот
-Ја урниса економијата!
-Клучни факти за уништувањето на економијата
-Безусловно заминување

 

Извадоци од книгата:

 

Ти, Никола, ќе бидеш запаметен како најголем измамник, разгорувач на нетрпеливост и омраза меѓу граѓаните, подривач на темелите на државата, расипник на националното богатство и распродавач на суверенитетот на македонскиот народ.

*

24-часовното врескање за безбројните проекти, како производ, наводно на твојата непресушна имагинација, посветеност, неуморност, како и твоите седници на владата како театар на отворено кој требаше „да ја засени простотата“, треба да признаеме дека успеаја да излажат многу луѓе.

*

Го гледам тоа ново Скопје и си мислам: оној што го смислил би требало да се испрати на психијатриско вештачење.

*

Зошто ја грабна целата власт? И, покрај другото, лично посака да му го смениш, од темел, ликот на Скопје, кој знае по кој пат во неговата долга и драматична историја; да ставиш симболи на еден нов владетел; да нема ни трага ни глас од „комунистичко Скопје“. Да ја избришеш целокупната лична и колективна идентификација на многу генерации негови жители.

*

Им градиш споменици и музеи на оние што застанале на страната на фашизмот, а на оние против тоа зло одамна им се скратени, дали главите, дали труповите.

*

После сите твои видови злосторнички здружувања против државата, твојата политичка и човечка рехабилитација, Никола, е невозможна. Твојата политичка кариера, дефинитивно, е завршена.

Price: 150 ден

3 in stock

Compare
Sold By Темплум

Report an abuse for product Оди си! (осум писма до Никола Груевски)

Category:
SKU: ISBN 978-608-4658-44-3

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Оди си! (осум писма до Никола Груевски)”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in