OHRI’DE HALVETI HAYATI TARIKATI

Original title: OHRI'DE HALVETI HAYATI TARIKATI | Num. of pages: 186 | Dimensions: 25 | Cover: мека

Станува збор за превод на турски на изданието „Дервишкиот ред халвет-хајати во Охрид“. Дервишкиот ред халвети-хајати е еден од многуте тарикати кои го сочинуваат големото исламско семејство познато под името суфизам или тасавуф. Припадниците на овој дервишки ред без какви било отстапувања го исполнуваат сето она што е припишано од шеријатот, но тоа, по нивно мислење, е сосема недоволно и поради тоа ги надополнуваат верските обврски со заеднички молитви кои ги вршат во теќето, наречени зикр. Книгата со наслов „Дервишкиот ред халвети-хајати во Охрид“ претставува прв монографски труд од оваа област, во овој обем. Истражувајќи го дервишкиот ред халвети-хајати во Охрид, како дел од најзастапените дервишки редови во Република Македонија, авторот преку темелно етнолошко и антрополошко теренско истражување, користејќи соодветна, релевантна литература во историски контекст, успеал од стручен и научен аспект, да го претстави постоењето, филозофијата, учењето и функционирањето на овој ред во Охрид. Според понудените содржини, даден е историскиот развиток на дервишките редови на Балканот и во Македонија, со посебен акцент на појавата и распространувањето на халветите во Македонија, а потоа и на халветите – хајати во Охрид. Изнесени се најважните суштински карактеристики на тесавуфот и доктрината на халветите, нивната филозофија, вера и практика. Исто така, се изнесени богати етнографски податоци за современата состојба на овој подогранок во Охрид, доктрината на редот анализирана според основните верски ставови, основните културолошки белези, со цел да се претстави суштината за егзистирањето и функционирањето на овој дервишки ред. Покрај презентираната верска обредност, во ова дело разгледани се и влијанијата на суфискиот воспитно-образовен процес во проучуваниот дервишки ред, како и улогата на жената во дервишкиот ред халвети-хајати.

Price: 250 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Табахон

Report an abuse for product OHRI’DE HALVETI HAYATI TARIKATI

Category:
SKU: 9786082455624

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “OHRI’DE HALVETI HAYATI TARIKATI”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in