Омилената игра
Автор:
Леонард Коен
Издавач:
Издавачки центар ТРИ |
Јазик:
Македонски |
Година:
2008
Оригинален наслов:
The favourite game |
Бр. на страни:
242 |
Димензии:
140 x 205
|
Корица:
/
Во Омилената игра Леонард Коен раскажува полу-автобиографска приказна која го отсликува животот на едно младо еврејско момче од Монтреал и неговата потрага по сопствениот поетски глас. Романот содржи бројни настани од животот на Коен, дополнети со низа лирски слики, стихови од поетските збирки на авторот, извадоци од дневник, како и алузии на општествениоткон текст во Канада од педесеттите години на 20 век. На тој начин, во Омилената игра се гради еден специфичен жанровски и стилски колаж, чија цел е да се улови метафората на насловот, да се опише „омилената игра“ на еден млад уметник соочен со совршенството на сопствениот талент и со несовршенството на својот живот. Во исто време, овој роман е посвета и на Монтреал, градот на реката Сент Лоренс, кој претставува една од опсесивните теми во творечтвото на Коен и кој е опеан во една од неговите најпознати песни Сузанне. Конечно, иако „омилената игра“ за Коен е уметноста (односно поезијата), сепак овој роман е приказна и за љубовта, за првите заљубувања и љубовни приказни, без кои уметноста никогаш не би била - игра.„Коен е писател со зачудувачка енергија и колорит, сликар на незаборавни сцени.“ Обсервер „Омилената игра е еден од најдобрите канадски романи на дваесеттиот век.“ Глобе анд Маил
Оценки
Сѐ уште нема оценки.