Опсадата на Кришнапур
Годината е 1857 година. Во Кришнапур, британската заедница мирно и спокојно го живее својот живот, самоуверено игнорирајќи ги гласините за неволја меѓу домородните трупи на територијата на Хиндустан. Само управникот, г. Хопкинс, ја насетува опасноста. Животот е досаден, но обележјата на цивилизацијата мора да бидат искрено сочувани. Кога сепојите од блискиот гарнизон се креваат на крвав бунт, Британците целосно збунети и шокирани се повлекуваат. Криејќи се зад импровизираните барикади, опкружени со многубројните споменици, дел од Големата изложба на Управникот, тие одлучно решаваат да се борат за своите животи, но и за нивниот специфичен начин на кој ги живеат тие животи, со сите средства кои во тој момент ги имаат на располагање...
„За еден роман да биде духовит е една работа, да раскаже приказна е друга, а да биде сериозен е сосема трета работа, но да биде сите овие три работи одеднаш со сигурност е доволно да го направат уметничко дело“.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.