Ораторската вештина низ историјата

Издавач: Антолог | Јазик: Македонски | Година: 2017
Оригинален наслов: Ораторската вештина низ историјата | Бр. на страни: 350 | Димензии: 17x24 | Корица: мека

Издавањето на оваа книга е од големо значење бидејќи живееме во време на масовна употреба на интернетот и на компјутеризацијата, во време во кое комуникацијата на луѓето е сведена на минимум. На тој начин, ораторството е суштината на квалитетна комуникација, начин што има цел да информира, да влијае или да ги забавува слушателите.

            Ораторството денес, во ова бурно политичко време, излегува во прв план и е потребно во секоја област од нашиот општествен живот. Трудот претставува едно скромно помагало во целокупниот општествен живот, а особено во областа на правото, политиката, економијата, маркетингот, итн. Ораторството претставува корен на дисциплините од иднината, а чија суштина ги има истите цели, како известување, информирање, комуницирање.

            Во 2017 година се одбележуваат сто години од раѓањето на првиот новинар во Република Македонија, д-р Боро Мокров. Токму затоа, природно се јавува потребата од појавувањето на една негова книга, која е напишана само четири години пред смртта на авторот. Придонесот на д-р Мокров во новинарството со голем број статии и книги од областа на новинарството и на ораторството е видлив и денес.

Првиот дел од книгата ја содржи историјата на ораторството: ораторските вештини во Грција и во Римската Империја, со примери од Цицерон и од други римски оратори, па продолжува со влијанието на христијанството врз ораторската вештина, односно усното проповедништво, проповедите на апостолите, ораторската вештина на „светите отци“, корените и развојот на македонското беседништво, со примери од текстови од теоријата на реториката. Вториот дел од книгата е составен од преведени дела од оригинален јазик. 

Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 350 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Антолог

Report an abuse for product Ораторската вештина низ историјата

Категорија:
ИСБН: 978-608-243-223-6

1 оценка за Ораторската вештина низ историјата

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in