Оружјата на критичкиот родител
Автор:
Станислав Петковски
Издавач:
Магор |
Јазик:
македонски |
Година:
2010
Оригинален наслов:
Оружјата на критичкиот родител |
Бр. на страни:
160 |
Димензии:
140х200
|
Корица:
тврда
Во Оружјата на критичкиот родител е посветено внимание на вербалната комуникација и тоа пред сè на „погрдните зборови“ кои се изговараат кога човек е во конфликтна ситуација, кога е фрустриран, така што самиот збор претставува вид на замена за активна и деструктивна агресија. Од честотата на употребата на ваквите зборови, можеме да процениме дали некој е губитник или не. Оваа книга на илустративен начин им овозможува на читателите да го видат тоа, а особено да го согледаат влијанието на погрдните зборови врз психата на детето. Книгата нè учи на индиректен, илустративен и забавен начин да бидеме поодговорни во родителството и менторството, но и да бидеме позадоволни од самите себе.
Questions and Answers
You are not logged in