Основи на трговското право
Авторот Еуген Клунцингер, професор на Универзитетот „Тибинген“, направил успешен обид да му ја приближи на читателот, на брз и ефикасен начин, правната област со прецизна класификација, со одреден број графикони, со сумирани реченици и со мемориско повторување на знаењето. Овој одличен учебник може да им послужи на студентите по право како и на студентите по економија. Во него се земени предвид законските измени во областа на сметководството, Законот за конкуренција и трговските заштитни мерки.
Во содржината на книгата ќе пронајдете објаснувања за карактеристиките на трговското право, како на приватното така и на деловното, законите врз кои се базира ова право и детален преглед на основните поими. Понатаму станува збор за трговската сопственост и за различните видови трговци, како и за трговските застапници, брокери и комисионери.
Посебна глава е посветена на трговските претпријатија со разгледување на одредбите од Законот за трговски друштва, како и дополнителните прописи што важат надвор од тој закон. Во еден дел од оваа глава е опишан процесот за промена на сопственикот, а во друг работењето на централниот трговски регистар. Во четврта глава станува збор за правниот аспект на трговските трансакции, особеностите на платниот промет, конкурентноста и специфичните трговски трансакции.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 review for Основи на трговското право
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (verified owner) –