Остани спокоен со Сенека

Издавач: Издавачки центар ТРИ | Јазик: Македонски | Година: 2022
Оригинален наслов: Остани спокоен со Сенека | Бр. на страни: 166 | Димензии: 21 | Корица: мека

Се чувствувам изгубено, како да не сум на вистинскиот пат.

Се споредувам со другите и се чувствувам неуспешно.

Толку сум преплавен со мисли што не можам да спијам.

Се пронајдовте ли во некоја од овие реченици? Не грижете се, сите понекогаш се чувствуваме така, и тоа е сосем нормално. Но само малкумина успеваат мудро да се справат со овие прашања на секојдневното постоење. Нивните одговори ги знае еден од најголемите филозофи на светот, Сенека, кој ги запишал во своите писма. Што ако некој ги приспособи на сегашниот живот и ви овозможи да го намалите стресот, да го живеете животот што е можно помирно, попозитивно и поисполнето? Јана Капри и Чаран Дијаз го сторија тоа во оваа книга, во која ќе пронадете:

- 79 прашања за животот

- 79 одговори инспирирани од стоикот Сенека

- психолошки промислувања што ќе ви овозможат да живеете исполнет живот.

Ви посакуваме среќно психолошко-филозофско патување, во текот на кое ќе чувствувате помалку неспокој во друштвото на Сенека. Вклопете се во стоичкиот пристап кон животот и променете го начинот на кој мислите, за да може да го разубавите и да го збогатите својот живот.

Цена: 280 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Остани спокоен со Сенека

Категории: ,
ИСБН: 9786082308463

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Остани спокоен со Сенека”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in