Островот Крах

Original title: Остров Крах | Num. of pages: 180 | Dimensions: 21 см | Cover: /

„Островот Крах не е мрачен роман, не дозволувајте да ве поведе насловот. Се надевам дури и дека успеав да го направам малку смешен. Во него се раскажува за желбата да го контролираш светот и за копнежот да бидеш слободен. Но и за онаа необична работа што ја нарекуваме ’судбина‘. А патот на судбината секогаш крие извесна иронија.“ Островот Крах е приказна за две жени или, поточно, приказна раскажана од две жени. Овие два главни лика не се познаваат, а сепак постои некоја магична поврзаност меѓу нив: едната е астролог аматер и во ѕвездите прочитала дека на другата ѝ се заканува крах. Секоја од жените го знае само својот дел од приказната и наративните делови – два лични универзума, толку различни а сепак толку слични – треба да бидат сместени во една целина од страна на читателот, како сложувалка. Деловите се приказни за различни луѓе и предели, и за еден далечен и фасцинантен остров на кој би можел да се случи предвидениот крах. Приказните допираат многу различни теми, но во својата суштина романот зборува за човековите нагони и фрустрации, копнежот и реалноста, љубовта и предавството, за желбата и невозможноста да ги споделиме богатството и тегобите на душата. Што е „крах“ и дали воопшто постои такво нешто? И што е „успех“ или „победа“? Што значат тие на големото платно на универзумот? Создавајќи ја сликата на судбината, нивните потези секогаш кријат извесна противречност.

Price: 250 ден

2 in stock

Compare
Sold By Издавачки центар ТРИ

Report an abuse for product Островот Крах

Category:
SKU: 978-608-230-6124

Издавачки центар ТРИ

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Островот Крах”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in