Пакетот
Автор:
Себастијан Фицек
Издавач:
Сакам Книги |
Јазик:
Македонски |
Година:
2019
Оригинален наслов:
Das Paket |
Бр. на страни:
325 |
Димензии:
21
|
Корица:
тврда
Младата психијатарка Ема Штајн воопшто не излегува од дома од вечерта кога ја силуваат во хотелска соба. Таа е третата жртва на психопат кој новинарите го нарекуваат „фризерот“ затоа што им ги бричи главите на жените пред да ги убие. Ема, единствената која успева да му побегне, се плаши дека фризерот ќе се врати по неа за да ја доврши грозоморната мисија.
Во нејзината параноја, таа е убедена дека секој маж што го гледа е фризерот, иако реално воопшто не успеала да го види во хотелот. Ема се чувствува безбедно само во нејзината мала куќа во Берлин – или барем се чувствува до дента кога поштарот ја замолува да прими еден пакет во име на нејзиниот сосед кој не одговара на ѕвончето.
Маж чие име не ѝ е познато и кој таа никогаш не го сретнала, иако живее на истата улица со години… Кога пакетот влегува во нејзиниот дом, Ема станува попараноична од кога било претходно.
„Германскиот мајстор за трилери со уште едно ремек дело кое ви ветува нова непрoспиена ноќ“.
1 оценка за Пакетот
Questions and Answers
You are not logged in
biskovski18@gmail.com –
Книгава буквално е mind-blowing – од прва до последна страницa те држи во неизвесност и висока тензија. Вознемирувачката, психолошка приказна на Ема едноставно не те остава да дишеш, цврсто те фаќа за грло и единствено можеш само да го забрзаш дишењето! Многу пресврти и крај што навистина не го предвидов, Фицек е мајстор за напнати, мистериозни трилери, дефинитивно ја препорачувам книгава