Пансион
Автор:
Пјотр Пажињски
Издавач:
Бегемот |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Pensjonat |
Бр. на страни:
144 |
Димензии:
195x125
|
Корица:
/
Во романот „Пансион“, Пјотр Пажињски раскажува за млад човек што се враќа, по многу години, во пансион во близина на Варшава, кој, како момче, го посетувал со баба си. Пансионот е еврејско одморалиште во близина на Варшава, некогаш полно со живот, денеска населено со духовите на минатото. Бабата, како и повеќето жители на пансионот, била полска Еврејка, спасена од Холокаустот. Но, книгата раскажува не само за ненадејното воено уништување на еврејскиот свет. Пред сѐ, раскажува за неговото повоено бавно умирање. За светот што ги загубил животните сили, што сѐ уште завршува – преку следните повоени бранови на егзодусот на Евреите, преку умирањето на жителите – но не може, конечно, да умре. Ова е филозофска приказна за истрајноста, за минливоста и за распадот, а воедно и книжевен обред за воскреснување на сеќавањето. Создавајќи ја одново стварноста, која исчезнала во виорот на времето, Пјотр Пажињски го избегнува патосот, затоа, пак, се служи со иронијата и хуморот.
Questions and Answers
You are not logged in