Парцијални диференцијални равенки

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Partial Differential Equations: An Introduction | Num. of pages: 464 | Dimensions: 170x235 | Cover: /

Нашето разбирање на основните процеси што се одвиваат во природата во голема мерка е базирано на парцијалните диференцијални равенки (ПДР). Разните примери за погоре кажаното се осцилациите на тврдо тело, струењето на флуидите, преносот на топлина, структурата на молекулите, ширењето на електромагнетните бранови итн. Поради овие факти, авторот ПДР ги презентира преку едно големо богатство од различни природни феномени што се опишани токму преку нив и дава насоки за запознавање со најважните техники за анализа на решенијата од равенките.
Волтер А.Штраус
е професор по математика на Универзитетот „Браун“ кој, покрај со ПДР, се занимава и со математичка физика, теоријата за стабилност, осамени бранови, кинетичката теорија за плазмата, растерувачката теорија, брановите во вода и со дисперзираните бранови.
Тој во оваа своја книга ги минимизира напредните концепти и математичкиот жаргон со цел да ја направи подостапна за студентите. Сепак, бидејќи ПДР е предмет кој безусловно им претходи на сите истражувања во модерната наука, авторот без двоумење изложува неколку напредни идеи како теми за разработка од страна на сите поамбициозни студенти на постдипломските студии. Предуслов за консумирање на содржината од оваа навистина вредна книга е солидното познавање на математичката анализа, особено на функциите со повеќе променливи.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 1900 ден

50 in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Парцијални диференцијални равенки

Category:
SKU: 978-608-229-243-4

1 review for Парцијални диференцијални равенки

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in