Патувањата со Чарли

Издавач: Конгресен Сервисен Центар | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 210 | Димензии: 20 cm | Корица: /

/Патувањата со Чарли: во потрага по Америка, се објавува во 1962 година, истата година кога Штајнбек ја добива Нобеловата награда за книжевност. Оваа книга-патопис и денес останува едно од најпопуларните дела на Штајнбек, а првичната продажба од над двесте и педесет илјади примероци е далеку поголема од клучното прозно остварување на Штајнбек Плодови на гневот. Книгата Патувањата со Чарли е постојано меѓу десетте најпродавани книги во 1962 година во Америка, останувајќи на списокот на десет бестселери на „Њујорк тајмс“ цели педесет и седум седмици. Оваа книга подеднакво добро е примена и од обичните читатели, но и од академската критика во Америка (за која треба да се каже дека долго време не гледа со наклоност кон прозното дело на Штајнбек – та дури непосредно по добивањето на Нобеловата награда во значајни списанија се објавуваат малициозни текстови во кои се укажува дека „изборот можел да биде подобар!“). Како и да е, во однос на книгата Патувањата со Чарли заедничко е мислењето и на специјалистите и на неспецијалистите дека станува збор за вонсериско книжевно остварување во доменот на патописот, публицистиката и на есејот (non-fiction) или како што тогаш укажува Принстонскиот професор Ерик Голдман во текстот објавен во „Њујорк тајмс“ во 1962 година, Патувањата со Чарли се „чисто задоволство, зајадлива арома на места и луѓе разнесена низ горко-слатки есеи“.

Бидејќи севкупното негово книжевно дело е закотвено во длабочините на човечките судбини фрлени на распаќата на историја и на секојдневното живеење во најмоќната и најбогатата држава на ХХ век, оттаму делото на Штајнбек и денес продолжува да се вреднува – не само поради Нобеловата награда што тој ја добива во 1962 година – како едно од најзначајните книжевни остварувања на американската а оттаму и на светската книжевност на ХХ век.

Рангирано 5.00 од 5 според 1 рејтингот на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 315 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач КСЦ/ПОЛИЦА

Report an abuse for product Патувањата со Чарли

Категорија:
ИСБН: 978-608-4721-13-0

1 оценка за Патувањата со Чарли

  1. Rated 5 out of 5

    /

    одлична книга, се чита во еден момент

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in