Патувањето на еден слон
Патувањето на еден слон е волшебна приказна проткаена со мудрост и хумор за трајноста на пријателството и за минливоста на славата.
Во 1551 г. португалскиот крал Жоао III решава да му прати на австрискиот надвојвода Максимилијан невообичаен свадбен дар: слонот Соломон. Одеднаш сите се растрчуваат да ги подготват слонот и неговиот чувар Субхро. Необичната свита и кралската гарда го изминуваат целиот континент опустошен од реформацијата и граѓанските војни, низ попатните сведоштва на зналците, историчарите и оџагорените обични луѓе. Карванот се пробива низ древните градови на северна Италија; храбро се искачува по Алпите и стравотните теснини Исарко и Бренер; преку Средоземно Море па пругоре по реката Ин, и најпосле пристигнува пред величествената порта на царска Виена...
Патувањето на еден слон е сказна богато проникната со иронија и емпатија, проткаена со духовити размисли за човечката природа, едно значајно толкување на моќта која го навредува човековото достоинство. Лос Анџелес тајмс.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.