Пер Гинт
Автор:
Хенрик Ибзен
Издавач:
Македоника |
Јазик:
Македонски |
Година:
2009
Оригинален наслов:
Peer gynt |
Бр. на страни:
136 |
Димензии:
200х140
|
Корица:
/
Драмски спев, метафора на животот...Величествено дело без граници меѓу реалното и фантастиката, свеста и потсвеста. „Пер Гинт“ е драмски спев кого уште современиците на Ибзен го прогласиле за величествено дело. Во критиката за литературата е наречен и „Хамлет на северот“. Драматуршкиот материјал почива врз непресушниот инстинкт за слобода и индивидуалноста како трагична вина за поединецот во системите на општеството.Во „Пер Гинт“ има многу детали од авторовата биографија, а прототипови му се мајка му, татко му, семејството и нордиските митови. Некои критичари ја израмнуваат со Гетеовиот „Фауст“ (според некои „Анти Фауст“), со Шекспировиот „Хамлет“ и Моцартовиот „Дон Жуан“, а јапонската критика ја прогласила за „типично јапонска“ драма.
Questions and Answers
You are not logged in