Пере Тошев (монографија)

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2014
Original title: Пере Тошев | Num. of pages: 332 | Dimensions: 240х170 | Cover: мека

Монографијата за Пере Тошев има поднаслов „Совеста за револуционерна Македонија“ и е првата монографска публикација за него. Миноски во предговорот пишува дека „Големиот револуционер – конспиратор, еден од водачите раководители – апостолите на Македонската револуционерна организација, и по едно столетие од неговото загинување остана недоволно проучен и афирмиран онака како што заслужува“. Меѓу основните причини за тоа тој го наведува фактот што Тошев не остави свои спомени и што нема изворна документација, односно ме е зачувана неговата кореспонденција. „Петар Тошев беше и остана до крајот на својот живот голем македонски национален револуционер, кој ѝ даде свој белег на целата македонска илинденска епоха и го зазеде своето заслужено место меѓу четворицата великани со Гоце Делчев, Дамјан Груев и Ѓорче Петров – пишува Михајло Миноски. Ако Делчев беше апостолот на македонското револуционерно движење (кој го обедини народот, му всади свест и го подготви за самостојна оружена борба за ослободување и создавање своја држава), ако Ѓорче беше креаторот на надворешната политика на Организацијата, ако Дамјан Груев беше предводникот на Илинденската оружена борба, Петар Тошев беше креатор на внатрешната (економска-развојна, просветно-културна, здравствена и социјална) политика и на државното уредување на револуционерна Македонија, како демократска парламентарна држава во создавање.“

Price: 500 ден

6 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Пере Тошев (монографија)

Category:
SKU: 978-608-4614-45-6

Questions and Answers

You are not logged in