Пет драми

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2020
Оригинален наслов: Pet komada / Miro Gavran | Бр. на страни: 336 | Димензии: 140х200 | Корица: /

Книгата „Пет драми“ е збирка од пет особено важни театарски драми на Миро Гавран, секоја од нив поедничено нудејќи им одлично искуство на познавачите на театарот и истовремено, без да имаат голем број ликови, тие се интересно четиво. СМРТТА НА АКТЕРОТ е драма за еден актер аматер на повеќе од шеесет години кој живее во старечки дом, каде што води аматерска театарска група и поканува една порано славна театарска актерка, сега заборавена, да му помогне да постави изведба заснована врз драма што тој ја напишал за нив двајцата. Работејќи на претставата тие ќе направат рекапитулација на своите животи и ќе се судрат во своите сфаќања за театарската уметност. На крајот откриваме дека тој бил тајно вљубен во неа цели четириесет години. СÈ ЗА ЖЕНИТЕ е драма во која три актерки играат пет улоги секоја и сите се на различни возрасти, од возраст на девојчиња во градинка до стари дами во старечки дом. Брилијантна драма што им овозможува на актерките да минат низ разни преобразби додека ја претставуваат судбината на жените во современиот свет. СÈ ЗА МАЖИТЕ е драма во која тројца мажи играат по пет улоги секој, но овој пат го претставуваат светот на современиот маж со многу хумор, емоции и неочекувани пресврти. ЧЕХОВ МУ ВЕЛИ ЗБОГУМ НА ТОЛСТОЈ е една од раните драми на Гавран во која тој ја опишува средбата на двата големи руски писатела Толстој и Чехов и нивните сопруги Олга и Софија. Нивниот идиличен престој во Јаснаја Полјана набргу се претвора во судир меѓу младиот и стариот писател, како и судир меѓу нивните жени, предизвикани од различните гледишта на животот и книжевноста. НОРА ВО НАШЕ ВРЕМЕ е реплика на Ибзеновата Нора во која Гавран развива дејство во една современа поранешна социјалистичка земја во периодот на транзиција. Во оваа драма Гавран ги заменува улогите на мажот и жената, во спротивност со драмата на Ибзен, и така имаме супериорна жена и инфериорен маж. На крајот мажот е тој што ја напушта куќата во потрага по самоостварување.

Цена: 550 ден

5 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Пет драми

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-654-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Пет драми”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in