pH неутрална за животот и смртта
Author:
Лидија Димковска
Publisher:
Блесок |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
pH неутрална за животот и смртта |
Num. of pages:
86 |
Dimensions:
120x170
|
Cover:
/
Во стиховите понудени со „рН неутрална за животот и смртта“, останувајќи доследна на својата арс поетика зацртана во претходните објави (а особено на „Нобел против Нобел“), Димковска оди во натамошно истражување на светот отворен пред поетскиот субјект, соочувајќи го со Другиот, со сето она што го окружува, и со релациите кои се јавуваат при таквите соочувања. Поезијата на Лидија Димковска е раздробување на баналноста на секојдневието и потрага по смислата на постоењето. Тоа го прави со помош на една поинаква перцепција на стварноста, еден свет идентичен со оној кој го имаме секој ден пред очи, но овој пат виден низ визурата на номадскиот субјект. Тоа не е форма на бегство од стварноста со наметнување на една нова форма на ескапизам, туку е соочување со сопствениот раздор и раздорот во кој се наоѓа светот во кој постоиме, тоа е тематизирање на односот помеѓу Јас и Другиот и Јас и Светот. Говорејќи за поетскиот ракопис „рН неутрална за животот и смртта“ во кое освен песни се содржани и неколку урбани балади-поеми, треба да се напомене дека станува збор за дело значајно поради специфичниот пристап кон стварноста и кон времето во кое живееме, поради храброста на Димковска да им даде поетски облик на актуелностите на нашето време. Гоце Смилевски
Reviews
There are no reviews yet.