Пилешко со сливи
Автор:
Марџан Сатрапи
Издавач:
Темплум |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Poulet aux prunes |
Бр. на страни:
/ |
Димензии:
/
|
Корица:
мека
Извонредната иранско-француска авторка Марџан Сатрапи, во ова лично и трогателно дело, со многу хумор не’ води низ последните осум денови пред смртта на нејзиниот вујко, музичарот Насер Али кан. Во Техеран, 1958, Насер Али кан ужива слава ширум Иран благодарение на својот ненадминат талент за свирење тар. Кога во една од безбројните кавги сопругата ќе му го здроби обожаваниот инструмент, тој очајнички се обидува да најде нов тар кој ќе му ги врати уживањето и желбата за живот. Но, сите обиди се залудни и тој решава да умре. Низ наредните осум денови, чекајќи Азриел, ангелот на смртта, да му чукне на врата, Насер Али контемплира за својата тажна егзистенција и за минатото, и постепено не’ води низ својата приказна на татко, маж, брат, музичар, но и голем егоист со скршено срце, откривајќи ја притоа тајната на сојата музичка вештина.
Questions and Answers
You are not logged in