Пишувачот

Publisher: Македоника | Language: Македонски | Year: 2012
Original title: Пишувачот (на Берхард Шлинк) - антологија на нет-проза | Num. of pages: 269 | Dimensions: 200х140 | Cover: /

Во антологијата на современата епистоларна проза „Пишувачот“, приредена од Весна Мојсова – Чепишевска, се застапени: Татјана Кокаљ и Јана Коларич (Словенија), Јопана Шчепковска, Јануш Леон Вишневски, Јежи Сосновски, Хана Ковалевска (Полска), Ренато Баретиќ (Хрватска), Азриел Библиович (Колумбија), Русана Бардарска (Бугарија), Anna Dassialgo / Гордана Влаиќ (Србија), Горица Нешовиќ (Србија), Јелица Грегановиќ (Словенија), Хуан Хосе Миљас (Шпанија), Хуан Е. Миранда (САД) и Маркос Пико (Мексико). Преводите се на Лидија Танушевска, Соња Должан, Елена Атанасиу, Душко Крстевски и Ѓоко Здравески.В. Мојсова – Чепишевска за вој избор на почетокот на книгата пишува:„Оваа антологија е еден крајно личен, премногу интимен избор на раскази и фрагменти од романи кои своите приказни ги градат како љубовни писма, преписки и дописки, СМС-пораки, електронски писма и допишувања, како приказни од едно блогерско искуство... Застапените автори докажуваат и покажуваат дека во разните современи дијалошки форми (пејџерски јавувања, електронски писма, СМС, блогерски разговори и допишувања, мудрувања), сепак, не нè отуѓува најновиот тип комуникација, зашто комуникацијата зависи од оние кои ја водат, а не од средствата. Па така, сите овие избрани автори успеале да раскажуваат, опишуваат, ослушнуваат, чувствуваат, сакаат, уживаат, тагуваат... и едноставно да создаваат приказни. Читањето нечии преписки е рамно на прислушување нечии интимни разговори и исповеди. Зашто, патот до срцето на читателите води преку текстот. А текстот, особено овој текст развиен како писмо, дописка или преписка, нè носи до најскриените предели на ликот, на самиот автор, на самите себе. Впрочем, писмата скоро секогаш влеваат една неверојатна доверба.“

Price: 150 ден

5 in stock

Compare
Sold By Македоника Литера

Report an abuse for product Пишувачот

Category:
SKU: 978-608-225-068-7

Questions and Answers

You are not logged in