Писма

Издавач: Арс ЛИБРИС | Јазик: Македонски | Година: 2015
Оригинален наслов: / | Бр. на страни: 260 | Димензии: 135х200 | Корица: /

Во зачудувачки и во многу нешта трагични околности, на почетокот на 1926 година, се соединуваат тројца големи европски поети. Најстариот од нив, Рајнер Марија Рилке, во тоа време има навршено 50 години и живее во Швајцарија, во осамениот мал замок Мизо. И токму таму, во местенцето Вал-Мон, во мај 1926 година, почнува неговата преписка со младите руски поети – Борис Пастернак и Марина Цветаева, врсници, пријатели и веќе четиригодишни преписници.

И сè почнува случајно: сликарот Леонид Осипович Пастернак, таткото на Борис, му пишува по долги години писмо на Рајнер Марија Рилке, на кое еден од најголемите германски поети одговара, меѓу другото, и со прибелешката дека ги добил песните на неговиот син и дека му се допаднале. Бескрајно возбуден, Борис Пастернак му пишува на Рилке и ја вклучува и Цветаева во преписката, поттикнат божем од една банална пречка – неможноста писмата да патуваат меѓу Швајцарија и Советскиот Сојуз, зашто земјите, како последица на политичките, немаат воспоставено поштенски односи.

И така се случува чудото на летото 1926 година, кога, под модерното европско небо, во записи од интимна природа долго време невидени од никого, тројца безвремени поети навлезени во втората четвртина од еден многу различен век, ја испишуваат лебедовата песна на романтичарската епоха. Нивната естетска и наддокументарна вредност, некои критичари – измислувајќи нов, хибриден жанр – ја нарекуваат епистоларна лирика.

Цена: 250 ден

49 на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Писма

Категорија:
ИСБН: 978-608-247-092-4

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Писма”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in