Плачеш како кит

Издавач: Бегемот | Јазик: Македонски | Година: 2023
Оригинален наслов: Плачеш како кит | Бр. на страни: 113 | Димензии: 185x120 | Корица: мека

„Плачеш како кит“ е слоевито, хибридно дело, чиј хронотоп се движи од една фиктивна лична приказна во македонската сегашност, преку навраќање во минатото низ пределите на Чиле и на Тихиот Океан со упатување на историски факти, низ бајковити предели на неодредени локации некаде во Европа, преку митолошко создавање на живиот свет, сè до една потенцијална иднина на Македонија во која превладува метафората на потонувањето. Различните делови сочинуваат една кохерентна романескна целина. Имено, сите се поврзани со лајтмотивот на китот, симбол на благородните особини на луѓето што трагаат по нешто повеќе од она што им го одредила судбината, која тешко се победува, и чудовиштето, кое симболично го претставува стравот што ги прогонува ликовите од различни причини уште од нивното детство. Преку оваа комбинација на приказни, на читателите им се дава функционален објектив низ кој ги следат сличните трансформации на оние што се соочуваат со смртта на блиските и со губењето на смислата. [...]
Калина Малеска

Цена: 250 ден

20 на залиха

Спореди
Продавач Бегемот

Report an abuse for product Плачеш како кит

Категорија:
ИСБН: 978-608-4869-83-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Плачеш како кит”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in