Податочни и компјутерски комуникации
Ова издание нуди јасен, севкупен и унифициран преглед на податочните комуникации, вмрежувањето и протоколите. Авторот успева едно обемно четиво да го претстави со мали разбирливи елементи, со чиешто поврзување се добива една комплетна слика за тековните достигнувања.
Вилијам Сталингс е шесткратен добитник на наградата за најдобра книга од областа на компјутерските науки и од компјутерскиот инженеринг. Со своите дела има дадено уникатен придонес за подобро разбирање на техничките решенија применети во компјутерските мрежи и архитектури. Моментално работи како независен консултант.
Новитети во ова издание се:
- дополнување на прегледот за гигабитен Етернет
- дополнување на прегледот за безжичните локални мрежи WiFi/IEEE 802.11
- ново поглавје што ја разработува безбедноста
- нова опширна разработка на мултимедијалното вмрежување
Книгата е наменета за академска и за професионална публика. Разработени се темите за: податочните комуникации, регионалните мрежи (WAN), локалните мрежи (LAN), Интернет и транспортните протоколи и интернет-апликациите. Покрај основните принципи и пристапи кон дизајнот на специфичните потреби за комуникација, содржани се и сите актуелни стандарди што се од витално значење за континуираниот развој на оваа област. На крајот од секое поглавје се наоѓаат задачи и препораки за дополнителна литература.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на publishing@arslamina.com.
1 оценка за Податочни и компјутерски комуникации
Questions and Answers
You are not logged in
Anonymous (верификуван корисник) –