Поетски дефиниции на нештата
Author:
Емилиja Авгинова
Publisher:
Макавеј |
Language:
Македонски |
Year:
2022
Original title:
Поетични определения на нещата / от Емилия Авгинова |
Num. of pages:
60 |
Dimensions:
A5
|
Cover:
мека
Поезијата на Авгинова целосно е упатена кон откривање на поетскиот наратив во сè што нè опкружува, во сè што може да проблесне со онтологијата на своето суштествување. На тој начин преку 60-ината песни од книгата Авгинова се допрени, осветлени и озвучени со поетска дефиниција минорните, дневните и минливите животни драми на човекот, но во еден мисловен и филозофски пандан се отсликани и космичките, недосегливите и заумните прашања за постоењето воопшто. Песните од книгата се своевидни медалјони претопени и преобликувани од нежната, немирна и божествена духовност на поетесата. Препевот на книгата од Авгинова на македонски е на Бранко Цветкоски и Владимир Цветкоски. Авгинова е поетеса, универзитетски професор на Универзитетот „Св. Св. Кирил и Методиј“ во Велико Трново, докажан преведувач на значајни дела од новогрчки јазик и руски јазик и активен истражувач на теми и современи проекти од областа на компаративната и компјутерската лингвистика.
Reviews
There are no reviews yet.