Поезија – Пол Валери

Издавач: Магор | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: POÉSIE | Бр. на страни: 163 | Димензии: 135x200 | Корица: мека

Пол Валери (1871 1945) е поет кој ќе го возобнови култот кон формата и ќе го постави на пиедесталот на совршенството. Неговиот поетски сензибилитет ќе биде осветлен од медитеранската светлина, која подоцна ќе се преобрази во спиритуален, духовен сјај. Валери е вистински ренесансен дух. Покрај литературата и архитектурата, со голема посветеност ги проучува и математиката, физиката, астрономијата, медицината. Затоа не е случајно што своето дело го поставува исклучиво врз темелите на интелигенцијата, компонирајќи го од елементи кои им се потчинуваат на строгите закони на логиката.
За Валери клучни елементи на поетското дело се анализата и музиката. Анализата го очистува рационално предметот од сите негови прозни наслојки и емотивни содржини, а музиката од јадрото на таа чистота, или „јазички глечер“, се развива во богато оркестрирана хармонија, која се засводува во кристално јасна и еуклидовски симетрична форма.
Во овој избор од поезијата на Валери се застапени песни од сите негови поетски фази од раната, маглива збирка Албум на стари стихови, преку фантастичната и загадочна Млада Парка до архитектонски совршената поезија од Волшепства.

Цена: 250 ден

4 на залиха

Спореди
Продавач Магор

Report an abuse for product Поезија – Пол Валери

Категорија:
ИСБН: 978-608-223-322-2

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Поезија – Пол Валери”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in