Поезија – Пол Валери
Author:
Пол Валери
Publisher:
Магор |
Language:
Македонски |
Year:
2013
Original title:
POÉSIE |
Num. of pages:
163 |
Dimensions:
135x200
|
Cover:
мека
Пол Валери (1871 – 1945) е поет кој ќе го возобнови култот кон формата и ќе го постави на пиедесталот на совршенството. Неговиот поетски сензибилитет ќе биде осветлен од медитеранската светлина, која подоцна ќе се преобрази во спиритуален, духовен сјај. Валери е вистински ренесансен дух. Покрај литературата и архитектурата, со голема посветеност ги проучува и математиката, физиката, астрономијата, медицината. Затоа не е случајно што своето дело го поставува исклучиво врз темелите на интелигенцијата, компонирајќи го од елементи кои им се потчинуваат на строгите закони на логиката.
За Валери клучни елементи на поетското дело се анализата и музиката. Анализата го очистува рационално предметот од сите негови прозни наслојки и емотивни содржини, а музиката од јадрото на таа чистота, или „јазички глечер“, се развива во богато оркестрирана хармонија, која се засводува во кристално јасна и еуклидовски симетрична форма.
Во овој избор од поезијата на Валери се застапени песни од сите негови поетски фази – од раната, маглива збирка Албум на стари стихови, преку фантастичната и загадочна Млада Парка до архитектонски совршената поезија од Волшепства.
Reviews
There are no reviews yet.