Поезијата во животот на поетот

Издавач: Македоника | Јазик: Македонски | Година: 2013
Оригинален наслов: Die poesie im leben des poeten | Бр. на страни: 147 | Димензии: 200х130 | Корица: /

Книгата е двојазична – на македонски и на германски јазик. Темата не е поетична, но е поетска. Во таква тесна рамка авторот ги ниже своите лирски записи. За тоа, во предговорната белешка, вели: „Сето мое животно искуство е и поетско искуство. Сиот живот, или поточно откако почнав да се нур­ну­вам во бескрајниот литературен свет, преокупиран сум со поезијата. Таа ми е составен дел од животот, таа ми е живот во секојдневјето. Со неа го осмислувам и го реосмислувам мигот заробен во споменот и мигот што го живеам. Тaа е одраз на моите трепети, рефлек­сии, емоции, таа ми е смислата во минливиот свет. Тaа е мојата преокупација и кога сум го менувал местото на живеење, кога сум ја менувал татковината, кога сум ги минувал меридијаните на Земјината топка. Токму оттаму произлегува и насловот на оваа кни­га. Тој директно посочува на нејзината поврзаност со мојот живот. Можеби животот не е секогаш поети­чен, можеби не можеме да го споредиме со песна, но за мене сигурно песната е живот. Поточно, неа ја испол­ну­вам со мојот живот...“

Цена: 150 ден

1 на залиха

Спореди
Продавач Македоника Литера

Report an abuse for product Поезијата во животот на поетот

Категорија:
ИСБН: 978-608-4614-39-5

Questions and Answers

You are not logged in