Поглед во минатото / Избрани теми од историјата на македонскиот писмен јазик
Автор:
Људмил Спасов
Издавач:
Пагома Прес |
Јазик:
македонски |
Година:
2018
Оригинален наслов:
Поглед во минатото / Избрани теми од историјата на македонскиот писмен јазик |
Бр. на страни:
336 |
Димензии:
24 цм
|
Корица:
мека
Историјата на македонскиот писмен јазик е мошне сложена затоа што Македонија има една долга словенска писмена традиција. Најстариот облик на писмениот јазик е познат како староцрковнословенски јазик, со кого почнува писмената традиција на сите словенски јазици. Оваа писменост е тесно поврзана со дејноста на светите браќа Кирил и Методиј и со првите преводи на Библијата на словенски јазик, поточно на староцрковнословенски. Почетоците на македонската писменост (на македонскиот писмен јазик) се поврзани со дејноста на Охридската книжевна школа и со делото на нејзиниот основач св. Климент Охридски. Во рамките на писмената традиција на оваа школа се создадени правописни правила, како и е извршен избор (селекција) на граматички и на лексички особености, како и, што е од особена важност, е поддржана глаголицата како најстар и најавтентичен словенски писмен систем, создаден од св. Кирил и Методиј.
Questions and Answers
You are not logged in