Политика на телекомуникациите : јавни институции, конвергенции и промени

Издавач: Арс ЛАМИНА | Јазик: Македонски | Година: 2009
Оригинален наслов: The politics of telecomunications | Бр. на страни: 441 | Димензии: 21 см | Корица: /

Оваа студија за телекомуникации е резултат на повеќегодишно истражување од страна на авторот Марк Тачер (професор по компаративна и по меѓународна политика при Лондонското училиште за економија и за политички науки). Телекомуникациите станаа многу важен фактор, кој е од клучно значење за повеќето, ако не и за сите економски и општествени дејности, поради тоа тие се, исто така, плодно поле за работа на политиколозите. Нивната експанзија и диверзификација од крајот на 60-тите години од минатиот век, па до денес, проследена е со едно многу брзо темпо. Економските и индустриски удели во овој сектор се огромни, па, следствено на тоа, креаторите на политики им посветуваат сé поголемо внимание. Во оваа книга не се проучуваат телекомуникациите, туку таа со својата содржина останува во рамките на политичките науки. Секторот на телекомуникациите е искористен само како еден случај преку кој се опфаќа еден многу поширок спектар од прашања. Поконкретно, во текстот се разгледува улогата на националните институции во услови на сé поголемо присуство на моќни меѓународни сили. Обработени се прашањата за институциналната стабилност и реформа, како и влијанието на институциите врз креирањето на политиката и на економијата. Ако се погледне од друг агол, може да се согледа дека, всушност, станува збор за демонстрирање на вредноста која што ја поседуваат меѓународните историски методи за проучување на политиката.

Цена: 1250 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Политика на телекомуникациите : јавни институции, конвергенции и промени

Категории: ,
ИСБН: 978-9989-2874-9-7

Оценки

Сѐ уште нема оценки.

Koментирајте први за “Политика на телекомуникациите : јавни институции, конвергенции и промени”

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in