Политика на телекомуникациите : јавни институции, конвергенции и промени
Author:
Марк Тачер
Publisher:
Арс ЛАМИНА |
Language:
Македонски |
Year:
2009
Original title:
The politics of telecomunications |
Num. of pages:
441 |
Dimensions:
21 см
|
Cover:
/
Оваа студија за телекомуникации е резултат на повеќегодишно истражување од страна на авторот Марк Тачер (професор по компаративна и по меѓународна политика при Лондонското училиште за економија и за политички науки). Телекомуникациите станаа многу важен фактор, кој е од клучно значење за повеќето, ако не и за сите економски и општествени дејности, поради тоа тие се, исто така, плодно поле за работа на политиколозите. Нивната експанзија и диверзификација од крајот на 60-тите години од минатиот век, па до денес, проследена е со едно многу брзо темпо. Економските и индустриски удели во овој сектор се огромни, па, следствено на тоа, креаторите на политики им посветуваат сé поголемо внимание. Во оваа книга не се проучуваат телекомуникациите, туку таа со својата содржина останува во рамките на политичките науки. Секторот на телекомуникациите е искористен само како еден случај преку кој се опфаќа еден многу поширок спектар од прашања. Поконкретно, во текстот се разгледува улогата на националните институции во услови на сé поголемо присуство на моќни меѓународни сили. Обработени се прашањата за институциналната стабилност и реформа, како и влијанието на институциите врз креирањето на политиката и на економијата. Ако се погледне од друг агол, може да се согледа дека, всушност, станува збор за демонстрирање на вредноста која што ја поседуваат меѓународните историски методи за проучување на политиката.
Reviews
There are no reviews yet.