Политики на љубовта

Publisher: ПНВ Публикации | Language: Македонски | Year: 2015
Original title: / | Num. of pages: 64 | Dimensions: 18X12 | Cover: мека

Збирката песни на авторката Славица Гаџова Свидерска претставува интемен атлас, лична картографска целина и обид  за отворање на просторот на литературата за оние духовни превирања за кои таа наоѓа соодветна просторна рефлексија на територијата на Азија, Африка, Европа, Јужна Америка и координати во кои го ситуира сопственото лирско јас и неговите преживувања. Секоја песна започнува со нагласување на обраќањата до Другиот кој го потврдува постоењето, тој е оној кого поетесата го вклопува во сопствениот свет како „нужност“ и како „потреба“ и во врска со присуството на таа неопходна Другост го повторува повикот „ми требаш“.

Просторните рефлексии актуализирани во насловите на песните говорат за Битието кое го рефлектира подеднакво врз општите и историските околности кои го определуваат неговото егзистирање и неговата есенција. Во песните „Африканска“, „Азиска“, „Европска“, „Креолска“, „Јужноамериканска“, „Јапонска“, авторката ја „драматизира“ состојбата определена од потребата да се обележи и да се потврди постоењето на „Јас“ во корелација со „Ти“ под условите на конкретната околина и реалност, на црниот роб и белиот господар, на пустина и глад, на монсуните и децата што си играат со оружје, на животот кој тече под постојаната закана на оружјето, на состојбите на доживување на сатори и сепуко, на боговите кои се различни во различни култури, меѓутоа подеднакво се моќни во очите на индивидуата која ги промислува или проживува нивните моќи. 

Price: 190 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By ПНВ Публикации

Report an abuse for product Политики на љубовта

Category:
SKU: 978-608-4641-31-5

Reviews

There are no reviews yet.

Be the first to review “Политики на љубовта”

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in