Последната империја – Османлиите
Author:
Илбер Ортајли
Publisher:
Алманах |
Language:
Македонски |
Year:
2016
Original title:
Son İmparatorluk Osmanlı |
Num. of pages:
252 |
Dimensions:
21х13,5
|
Cover:
мека
По објавувањето на книгата Повторно откривање на Османилите, пред вас е уште едно ново дело од познатиот турски историчар и почесен член на МАНУ, Илбер Орталји. Според авторот, Османлиската Империја е последната светска империја во историјата, по распаѓањето на Стариот Рим и на Источното Римско Царство и таа всушност ја претставува третата Римска Империја. Ортајли го поткрепува ова становиште со тврдењето дека таа, помалку или повеќе, ги зафаќала истите простори на некогашното Источно Римско Царство и дека генерално, заедно со космополитскиот Константинопол, останала наднационална. Како владеела Османлиската Империја, како функционирала нејзината држава за време на нејзиното седумвековното постоење и зошто по нејзиното распаѓање сѐ уште не се појавила една светска сила која би можела да го понесе епитетот на универзална, глобална или светска империја? Во Последната империја – Османлиите ќе го најдете одговорот на овие и на многу други прашања од кои еден дел се однесуваат и на европскиот дел на Империјата – Румелија, во чии рамки опстојувала и денешна Македонија.
Questions and Answers
You are not logged in