Потекло
Автор:
Саша Станишиќ
Издавач:
Антолог |
Јазик:
Македонски |
Година:
2021
Оригинален наслов:
Herkunft |
Бр. на страни:
352 |
Димензии:
13×20
|
Корица:
/
„Вака стојат нештата: земјата во која сум се родил денес веќе ја нема. Додека постоеше, се сметав себеси за Југословен. Како и моите родители: татко ми – Србин, a мајка ми – од бошњачко муслиманско семејство. Бев дете на мултиетничка земја, плод и исповед на двајца луѓе што се сакале и кои југословенскиот melting pot ги ослободил од притисокот на различното потекло и религија. ПОТЕКЛО е книга за моите потекла, за сеќавањата и откритијата. Книга за јазикот, работата на црно, штафетата на младоста и за многу, многу лета.“ Во својот трет роман Саша Станишиќ раскажува како од родниот Вишеград патува за Хајделберг, па се враќа назад во босанските планини кај баба си. Топол, близок, духовит и живописен роман, кој ја плени германската публика. Вонсериско дело што ќе ве освои на прво, второ и на секое следно читање. Германска книжевна награда за 2019 година!
Оценки
Сѐ уште нема оценки.