Повторно откривање на Османлиите

Издавач: Алманах | Јазик: Македонски | Година: 2014
Оригинален наслов: Osmanlıyı Yeniden Keşfetmek | Бр. на страни: 237 | Димензии: 135x210 | Корица: мека

Османлиската Империја владеела на Балканот полни петстотини години и таа опфаќала разнородни народи и религии кои биле управувани од еден единствен центар. Султанот од династијата Османовци се наоѓал на врвот од пирамидата на власта во која немало наследно благородништво и каде до местата на највисоките државни управители можеле да се искачат и лица од најниските слоеви на рајата. Како Османлиите успеале толку долго време да владеат со една огромна територија која се простирала на три континента? Дали тајната на нивниот успех лежи само во острицата на нивната сабја или за одржување на редот и мирот биле неопходни и поинакви инструменти и методи? Како била организирана таа држава, како живеел султанот во својот дворец, а како неговите поданици? Кои биле султановите жени и мајки, што претставувал Ендерунот? Како и зошто биле регрутирани јаничарите и каква била нивната улога во државата? За сето ова и многу други прашања во овој негов труд одговор дава Илбер Ортајли, еден од најкомпетентните истражувачи на историјата на османлиската држава, професор со меѓународно реноме и долгогодишен директор на Музејот Топкапи. Од неговите одговори многумина ќе бидат изненадени, а најголемиот број на читатели нема да останат рамнодушни на неговите тези кои го разнишуваат балканскиот стереотип за една моќна империја чиј составен дел сме биле и ние самите.

Цена: 400 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Алманах

Report an abuse for product Повторно откривање на Османлиите

Категорија:
ИСБН: 978-608-65688-5-6

Questions and Answers

You are not logged in