Практична криптографија

Publisher: Арс ЛАМИНА | Language: Македонски | Year: 2009
Original title: Practical Cryptography | Num. of pages: 432 | Dimensions: 170x230 | Cover: /

Нилс Фергусон е криптографски инженер и консултант со големо искуство во дизајнирање и во имплементација на криптографски алгоритми, протоколи и безбедносна инфраструктура за големи системи.
Брус Шнајдер
е основач и технички директор на „
Counterpane Internet Security“, компанија специјализирана за набљудување со управувана безбедност. Тој е светски познат научник, експерт за безбедност на интернет-системи, предавач и автор на неколку дела од областа.
Овие двајца врвни експерта од светски ранг ве учат како да ја направите безбедна вашата дигитална иднина. Знаеме дека денес безбедноста е еден од врвните приоритети на секоја компанија ширум светот. Без безбеден компјутерски систем, не правите пари, не се ширите и на крајот не успевате да преживеете. Криптографијата како технологија има за задача да овозможи безбедност во сајбер-просторот. За жал, литературата за оваа област е многу оскудна, па поради тоа на авторите треба да им се даде уште поголемо признание за нивниот труд што содржи насоки за имплементација на криптографијата во практиката. Со ова дело добиваме водич за имплементација на криптографските производи, со што се намалува јазот меѓу криптографската теорија и нејзината примена во реалниот свет.
Во книгата се разработени повеќе теми меѓу кои:

-      пректичните правила за избор и за употреба на криптографски потписи, почнувајќи од примитивните блок-шифрирани потписи, па сé до современите дигитални

-      безбедна имплементација на криптографските алгоритми и системи во денешните компјутери

-        филозофијата на дизајнот на системот како би се обезбедило постигнување на потребното безбедносно ниво во секој негов дел

-        како безбедноста влијае на системот и зошто треба да биде примарна цел на секој проект

-        како едноставните криптографски интерфејси ја намалуваат сложеноста на системот и ја зголемуваат неговата безбедност

Убаво е што некој се грижи за безбедноста на нашите миленичиња -компјутерите и што секојдневно работи на тоа поле.
За сите подетални информации во врска со содржината и со достапноста на книгата слободно пишувајте на
publishing@arslamina.com.

 

Rated 5 out of 5 based on 4 customer ratings
(1 customer review)

Price: 990 ден

Out of stock

Notify me when the product will be in stock

Compare
Sold By Арс ЛАМИНА

Report an abuse for product Практична криптографија

Category:
SKU: 978-608-4535-50-8

1 review for Практична криптографија

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (verified owner)

Add a review

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Questions and Answers

You are not logged in