ПРАКТИКУМ ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК СО КУЛТУРА НА ИЗРАЗУВАЊЕТО 2
Автор:
Елизабета Бандиловска
Издавач:
Арс ЛАМИНА |
Јазик:
Македонски |
Година:
2017
Оригинален наслов:
/ |
Бр. на страни:
172 |
Димензии:
170x235
|
Корица:
мека
Овој практикум првенствено им е наменет на студентите од Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје кои го слушаат предметот Македонски јазик со култура на изразувањето 2 на групите Одделенска настава и Предучилишно воспитание, на македонски, на албански и на турски наставен јазик, како и на студентите кои го слушаат предметот Македонски јазик на групата Библиотекарство. Но, може да им послужи како корисно јазично помагало и на учениците од основните и од средните училишта, како и на сите оние што сакаат да ги проверат своите знаења од областа на морфологијата и на синтаксата.
Практикумот произлегува од повеќегодишната наставна практика спроведувана на горенаведените студиски програми, но и од потребата да им се доближат на студентите основните морфолошки и синтаксички знаења од теориски и од практичен аспект. Оттука, неговата основна цел е да придонесе кон полесно и поуспешно совладување на понудениот јазичен материјал и оспособување на студентите за негова практична примена не само во нивната работа како идни учители и воспитувачи туку и во секојдневната јазична комуникација.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.