Православна психотерапија
Автор:
Митрополит Јеротеј Влахос
Издавач:
Датапонс |
Јазик:
Македонски |
Година:
2020
Оригинален наслов:
Православна психотерапија |
Бр. на страни:
284 |
Димензии:
145х205
|
Корица:
мека
Книгата „Православна психотерапија“ е дело на познатиот и плодотворен современ грчки автор, митрополит на Грчката православна црква г. Јеротеј Влахос, кој е широко познат во православниот свет. Во оваа книга го објаснува благодатно-подвижничкиот и православен метод на лекувањето на човековата душа, која е болна и поробена од страстите, што е последица на гревопадот на нашите прародители Адам и Ева, и секако, на сопствениот личен избор. Симптоми на оваа духовна болест се: стравот, вознемиреноста, анксиозноста, несигурноста, агонијата, како и бројните невротични и панични напади. Современата психотерапија нуди сопствен начин на лекување главно втемелен на основачот на модерната психотерапија Зигмун Фројд. За тоа има многу книги, и затоа оваа книга воопшто не се занимава со тој поглед. Во оваа книга детално ни се прикажува православниот метод на психотерапија, кој е втемелен на учењето на светите отци на Црквата, кои биле облагодатени и соединети со Несоздадените Енергии Божји. Токму затоа е битна оваа книга, затоа што нуди еден поинаков пристап во лекувањето на духовните и душевните болести, кој, за жал, не е широко познат. Овде ни се преставуваат дијагнозата и причините на духовните болести, како и исцелителните методи какви што се: покајанието, исповедта, постот, молитвата, милосрдието, умилението, послушанието, смиреноумието, добродетелите итн. Книгата не е дело на експериментални испитувања, туку е плод на искуството на светите отци, кои биле свети Божји луѓе, коишто со горенаведените методи и самите се излекувале и преобразиле.
Questions and Answers
You are not logged in