Пред и по танцот
Author:
Владимир Мартиновски
Publisher:
Кликер Книги |
Language:
Македонски |
Year:
2012
Original title:
Пред и по танцот |
Num. of pages:
77 |
Dimensions:
12x22 cm
|
Cover:
тврда
Поетскиот ракопис на Владимир Мартиновски – Пред и по танцот – претставува, несомнено, продолжение на истиот сензибилитет, на истиот светоглед, како и на истиот структурно-композициски, идејно-тематски и стилистички концепт понуден во стихозбирката Квартети: за читање, гледање, пеење и слушање, за којашто авторот ја доби престижната награда „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата во 2010 година.
Одбирајќи го танцот како основен spiritus movens, како централна, амблемска одредница на својата стихозбирка, Мартиновски недвосмислено се определува за воспевање на бесмртноста, зашто танцот е олицетворение на: динамизмот, енергијата, екстазата (естетска, емотивна, еротска, мистична...), слободата, спонтаноста; танцот го отфрла секој облик на детерминизам и прагматизам, а тежнее за освојување на вонвременскиот простор како место за игра.
(од рецензијата на проф. д-р Лидија Капушевска Дракулевска)
Questions and Answers
You are not logged in