Препушти се

Издавач: Матица Mакедонска | Јазик: Македонски | Година: 2011
Оригинален наслов: Along for the ride | Бр. на страни: 402 | Димензии: 20 cm | Корица: /

Оден е едно осамено и многу паметно девојче. Таа всушност никогаш немала вистинско детство како сите други деца. Нејзините родители своето внимание му го посветиле на нејзиниот брат, а неа отсекогаш ја сметале како многу зрела и самостојна личност. Таа свое прибежиште нашла во книгите и во учењето. Но животот на Оден се менува од корен после разводот на нејзините родители.

Тие постојано се расправале ноќе, а Оден била таа која ги слушала и не можела да спие, на тој начин таа започнува да пати од несоница. Оден никогаш немала вистински другарки, не излегувала и сето тоа за неа е нешто сосема  непознато. Летото пред да тргне на факултет решава да отиде на гости кај нејзиниот татко и неговата нова сопруга Хајди кои веќе имаат и свое дете - малечката Тизба. Оден пристигнува во Колби, а со тоа започнуваат и нејзините авантури.

Таму таа започнува да работи во бутик и би можело да се каже дека стекнува и другарки. Но тука го запознава и Илај, кој исто така пати од несоница поради една трагична случка од минатото, и заедно со него ужива во ноќите во Колби. Тој ѝ ги надополнува сите оние работи кои таа испуштила да ги прави како дете, велејќи ѝ дека за некои работи никогаш не е доцна.
Рангирано 5 од 5 според 4 рејтинзите на корисниците
(1 оценка на корисник)

Цена: 230 ден

Распродадено

Извести ме кога производот ќе биде на залиха

Спореди
Продавач Матица

Report an abuse for product Препушти се

Категорија:
ИСБН: 512501719

1 оценка за Препушти се

  1. Rated 5 out of 5

    Anonymous (верификуван корисник)

Додади оценка

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Questions and Answers

You are not logged in