Претприемничка лабораторија
Author:
Зоран Јаневски
,
Татјана Петковска Мирчевска
Publisher:
УКИМ Економски институт-Скопје |
Language:
Македонски |
Year:
2014
Original title:
Претприемничка лабораторија |
Num. of pages:
207 |
Dimensions:
/
|
Cover:
мека
Книгата претставува резултат на научно-истражувачки напор на авторите во насока на изработка на концепт и методологија за формирање на претприемничка лабораторија во рамките на Економски институт – Скопје. Таа тргнува од анализа на постојната состојба во државата во повеќе сегменти кои се поврзани со претпреимништвото, и ја елаборира потребата за формирање на Претприемничка лабораторија чиј фокус на делување е изведување на тестови, експерименти и истражувања од областа на претприемништво, развој на претприемнички вештини, управување со старт-ап бизниси и развој на претприемнички компании. Во неа, старт-ап бизнисите имаат можност да ги верификуваат своите идеи врз основа на научни методологии, методи, инструменти и алатки. При изработката на книгата авторите применуваат современ методолошки приод, прилагоден на природата и актуелноста на истражуваната проблематика. Она што ја прави оваа книга особено значајна е нејзината научна и апликативна димензија. Во неа се понудени конкретни решенија за унапредување на претприемништвото во државата со примена на научна методологија, со што апликативните решенија добиваат научна поткрепа, и се зголемуваат нивните можности за постигнување успех на пазарот.
Reviews
There are no reviews yet.