Приказната за еден брак
Автор:
Гејр Гуликсен
Издавач:
Матица Mакедонска |
Јазик:
Македонски |
Година:
2022
Оригинален наслов:
Historie om et ekteskap/ Story of a marriage |
Бр. на страни:
176 |
Димензии:
21
|
Корица:
тврда
Јуне, кој ја губи својата сопруга поради нејзината љубов кон друг маж, се обидува да разбере што и се случило на неговата голема љубов така што болно ја составува приказната од нејзината перспектива. И ја почнува вака:
„Може ли да ми кажеш за нас?“
Свртувајќи се кон минатото и погледнувајќи длабоко во себе, тој почнува да се сомнева во конвенционалните верувања за машкоста и женственоста, па се обидува да се сфаќа себеси малку невообичаено, како маж кој ја оспорува машката улога - тој е длабоко врежан во семејниот живот и се обидува индетификува како чуствителен, ранлив и грижлив. И на крај, во обид да разбере кога можела неговата сопруга да се вљуби во некој друг, тој го изведува крајниот чин на емпатија: да ја раскаже приказната од гледна точка на другиот, покренувајќи ги мачните прашања: Дали е можно да имаш сексуален однос без да го злоупотребиш оној другиот? И колку од она што мислиме дека е љубов е всушност само проекција?
Дали е можно вистински да познаваш некоја друга личност?
Со една проза, што е вознемирувачка во својата прецизност и емоционална тежина. „Приказната за еден брак“ ја отвора познатата сказна за пропадната љубов, додека одново и одново ги превртува изразите што се клише... се додека не ги урне, откривајќи една горчлива шуплина - или навестувајќи нови значења.
Оценки
Сѐ уште нема оценки.